Skip to content

Факултет за Ветеринарна Медицина

Факултет
Конечна листа од Прв уписен рок Испечати Е-пошта
3.09.2008.

 Конечната листа од првиот уписен рок во прва година во академската 2008/2009 можете да ја погледнете со кликнување на линкот подолу. Сите подетални информации во врска со уписот се напишани во соопштението.

 

 Конечна листа за упис во прва година во академската 2008/2009 

 

 
Избор на ректор на УКИМ Испечати Е-пошта
23.06.2008.

Денес официјално заврши изборот за нов ректор на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј". За нов ректор со 4 годишен мандат беше избран Проф.Д-р Велимир Стојковски редовен професор на нашиот факултет по предметите  Биохемија и Биологија на клетка . Убедливата победа беше добиена  со 42 наспроти 17те гласа на сегашниот ректор Проф.Д-р Горѓи Мартиновски професор на Земјоделскиот факултет. Гласањето беше извршено од страна на Сенатот на Универзитетот . Мандатот на Проф.Д-р Велимир Стојковски ќе започне од академската 2008/2009 и ќе трае 4 академски години. Во официјалната изјава на ново назначениот  ректор беше изјавено : Дека ќе се залагаат за враќање на сјајот на Универзитетот,акредитација на лабораториите на Универзитетот како и усовршување на наставната програма и науката  на сите факултети со цел да се доближиме повеќе до Европската Унија со наставно - образовниот процес. Големи честитки до новиот ректор од целиот персонал  и студентите на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје  и на Проф.Д-р Велимир Стојковски му посакуваме  многу успеси и големи достигнувања во водењето на Универзитетот во наредните четири академски години . 

 
CEEPUS Конкурс Испечати Е-пошта
22.05.2008.

CEEPUS објавува отворен конкурс за привремена размена на студенти . За подетални информации обратете се кај Проф.Д-р Тони Довенски или пак прочитајте во фајлот кој што е во прилог .

 

CEEPUS конкурс Мај 2008 

 
Денови на образование и кариера Испечати Е-пошта
20.04.2008.

И оваа година паралелно со саемот на Книгата се одржаа и 11-тите Денови на Образование и кариера, кои се одржаа на Скопски Саем во Хала 2 .Нашиот факултет како и сите други од Универзитет "Св.Кирл и Методиј" зема учество . Како репрезентативен материјал беа поделени флаери , папки , студентски информатори и програма за студирање , и мултимедијално CD кое беше изработено специјално за факултетот.Покажавме добра заинтересираност на саемот и очекуваме  поголема бројка на запишани студенти во наредната академска година.

 
Покана Испечати Е-пошта
27.02.2008.

    Во името на Кралското друштво за превенција од суровост на животните како и во името на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, Ве покануваме да учествувате на работилниците со работен наслов: „Благосостојба на животните-европска рамка” и “3Р концепт-легална рамка за заштита на лабораториски жовотни” кои Ќе се одржат во Охрид, Р. Македонија, во преиодот од 27-29 Март 2008 година.

Работилницата „Благосостојба на животните-европска рамка” е намената за учесниците од Македонија. Целта е да се дефинираат правилата за заштита на живоните и нивната благосостојба. Главна цел на работилницата е да овозможи да одгледувачите на животни од Македнија, станат свесни за нивните одговорности кои произлегуваат од законот и регулативите поврзани со благосостојбата на животните.

 Повеќе информации за работилницата и документацијата потребна за учество на истата може да добиете со превземање на фајловите во подолу наведените  линкови :

Официјална покана за учество   

Апликација за учество 

Програма за работилницата  

Англиска верзија :

General Information  

Registration form 

Programme of the workshops 

 

 

 

Проект менаџери :

Проф.Д-р Влатко Илиески

Проект менаџер

Факултет за ветеринарна медицина - Скопје

Проф.Д-р Мишо Христовски

Декан

Факултет за ветеринарна медицина - Скопје

г-дин. Гарет Томас

Интернационален проект менаџер

РСПЦА- Интернационал  



 

 

 


 
 
 
 
 
Распоред на настава за летен семестар 2007/2008 година Испечати Е-пошта
7.02.2008.

Распоредот за теоретска и практична настава на Факултет за ветеринарна медицина - Скопје за летниот семестар во академската 2007/2008 година можете да го превземете доколку кликнете на линкот подолу .

 

 Распоред за летен семестар 2007/2008 година  

 
Донација на ФВМ Испечати Е-пошта
12.01.2008.

    На ден 11 јануари 2008 година се изврши примопредавање на опремата која беше донирана на ФВМ - Скопје од страна на Институтот за информациски науки(ИЗУМ) од Марибор - Словенија , Националната и Универзитетска Библиотека "Св.Климент Охридски". Опремата која  беше донирана се состоеше од : Персонален сметач (компјутер) , печетач за етикети и бар-код читач чија набавка е финансирана од ИЗУМ. Опремата која беше донирана ќе с екористи за вклучување на ФВМ - Скопје во проектот  COBISS.MK и имплементирање на истиот.

 

 

> > >
 
За неколку денови стартува web страната на ССФВМ Испечати Е-пошта
27.12.2007.

За неколку работни дена ќе стартува web страната на Сојуз на студенти при Факултет за ветеринарна медицина - Скопје . Страницата е сеуште во изработка .Можете истата да ја погледнете на http://ssfvm.fvm.ukim.edu.mk/

Администраторски тим на Фвм 

 
Ја надминавме бројката од 5000 посетители Испечати Е-пошта
27.12.2007.

    Интернет страната  на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје започна со работа од 18.10.2007 година. Како што може да забележите до денес 27.12.2007година  ја надминавме бројката од 5000 посети на порталот , 55 корисници регистрирани на Moodle сервисот за online учење и 31  регистриран корисник на Форумот за студентите.За нас ова претставува еден огромен успех и задоволство . Се надеваме дека и понатаму ќе продолжи да се зголемува посетеноста на порталот ФВМ.

     Воедно и Ви посакуваме Среќни Новогодишни и Божикни празници и Ви посакуваме и понатаму да продолжите со  разгледување на содржините на порталот на ФВМ.

 

 

Администраторски тим на ФВМ 

 
Имплементиран е сервисот за on-line учење Испечати Е-пошта
15.11.2007.

    Мудл сервисот кој што е поставен на web страната на ФВМ којшто истотака е наменет за on-line учење на студентите е имплементиран на ден 15 Ноември  а ќе започне со работа на ден 19 Ноември 2007 год . До него можете да пристапите од главното мени на web страната .Се што треба да се направи за да може да се користи овој сервис е студентите  да си направат сметки (регистрираат на него )  при што ке добијат побрз пристап до материјали и електронски помагала кои би им го олесниле учењето по било која наставна програма  од студиите. При регистрација на студентите на сервисот треба како нивно ID или username (корисничко име ) да го впишат бројот на нивното досие(бр. на индекс)  а додека лозинката на сметката си ја одбираат по нивна желба .

 Ви посакуваме успешно on-line учење

Администраторски тим на ФВМ  

 
Задоволни ли сте од сервисите на страната?
 
УКИМ
ВФЗ

Посетители

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес12
mod_vvisit_counterВчера107
mod_vvisit_counterОваа недела657
mod_vvisit_counterОвој месец657
mod_vvisit_counterВкупно23559