|
Известување |
|
|
|
22.05.2009. |
Се известуваат студентите од четврта и петта година на студии на ФВМС дека заверување на летниот семестар ќе се врши во периодот од 1 Јуни 2009 до 4 Јуни 2009 година. Поради тоа се задолжуваат студентите колоквирањето на пропуштените вежби од летниот семестар и собирањето потписи во индекс од соодветните предмети да го спроведат заклучно со 4 Јуни 2009 година.При заверка на семестарот студентите треба да приложат:1.Правилно потполнет индекс со сите собрани потписи за одслушани предмети од предметните професори.2.Лист за заверка на семестарот со т.м. од 50 денари.3.За студентите кои го заверуваат 10ти семестар потребно е да достават и пријава за дипломска работа доколку истата не ја доставиле во текот на семестарот.
Студентите кои што не ги исполнуваат условите нема да можат да го заверат семестарот. Студентите кои ги немаат регулирано долговите од предходните семестри истите треба да ги регулираат, во спротивно нема да им се дозволи заверување на семестарот,пријавување испити, издавање на потврди и уверенија.Студентите кои нема да заверат семестар во предвидениот рок ке треба да платат казнена уплатница во износ од 10 евра.
|
|
|
Известување |
|
|
|
22.05.2009. |
Се известуваат студентите по Европски кредит трансфер систем од прва до трета година на студии дека заверката на летниот семестар во учебната 2008/2009 ќе се врши во период од 08 Јуни 2009 до 12 Јуни 2009. При заверка на летниот семестар студентите треба да приложат :1.Правилно потполнет индекс со сите собрани потписи за одслушани предмети од предметни професори.2. Лист за заверка на семестарот со т.м. од 50 денариСтудентите кои што не ги исполнуваат условите нема да можат да го заверат семестарот. Студентите кои ги немаат регулирано долговите од предходните семестри истите треба да ги регулираат, во спротивно нема да им се дозволи заверување на семестарот,пријавување испити, издавање на потврди и уверенија.Студентите кои нема да заверат семестар во предвидениот рок ке треба да платат казнена уплатница во износ од 10 евра.
|
|
|
Голема студентска забава и Наука за сите |
|
|
|
20.05.2009. |
По повод 60-годишнината од основање на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, ќе се одржат две манифестации посветени на студентите на УКиМ. Тоа ќе биде Големата студентска забава, што годинава ќе се одржи на Плоштад Македонија на 23 мај со почеток во 22,00 часот, и Манифестацијата "Наука за сите" што ќе се одржи следниот ден со почеток во 11,00 часот. на истата локација.Факултетот за ветеринарна медицина ѓи поканува своите студенти да присуствуваат на манифестациите. |
|
|
Отворен ден на ФВМС 09.05.2009 |
|
|
|
6.04.2009. |
На 9ти Мај , сабота, со почеток во 10:00 часот, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје ќе ги отвори своите врати за матурантите. Се повикуваат сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФВМ-С од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот на работа и студирање, со лабораториите, институтите, просториите за предавање, итн. Сите матуранти кои ќе нé посетат, ќе добијат бесплатни промотивни и информативни материјали за Факултетот, како и мултимедијално цд со сите потребни информации. Присутните ќе имаат можност да видат како е да се биде дел од нашата академска средина, ќе ги дознаат предностите на Европскиот кредит трансфер систем, по кој веќе 3-та генерација по ред се одвива наставата на ФВМ-С, ќе бидат запознаени и со сé она што Факултетот и неговите студенти го постигнале во својата 50 годишна традиција, за бенефициите од нашата диплома која е признаена низ целиот свет и која овозможува успешна кариера, како и системот преку кој е многу лесно да се учествува во пракса во земјава и странство. |
|
|
Конечен Список |
|
|
|
31.03.2009. |
Конечен список од Конкурсот за доделување стипендии на студенти на ФВМС за Студиската 2008/2009 година (април,мај, јуни и септември).1. Мандевска Ирена бр.инд. 1039 5,000 денари2.Гаврилова Јованка бр.инд. 1018 5,000 денари 3.Оливер Гоцевски бр.инд 1055 5,000 денари4.Мирче Кировски бр.инд. 1060 5,000 денари 5.Ивица Спасовски бр.инд. 939 5,000 денари 6.Александар Сиљановски бр.инд 1068 1,700денари7.Марина Тодоровска бр.инд 960 1,700 денари 8.Андреја Постоловски бр.инд 907 1,700 денари 9.Илија Петровски бр.инд 1024 1,700 денари 10.Маја Стојчева бр.инд 1044 1,700 денари Се известуваат студентите кои добиле стипендија дека треба од 1-3 Април 2009 година да се јават во Архивата на Факултетот за потпишување на договор за стипендирање. Со себе да понесат лична карта и број на трансакциска сметка.
|
|
|
Конкурс за стипендии |
|
|
|
17.03.2009. |
Врз основа на член 5 од Правилникот за доделување на стипендии за студенти на ФВМС и Одлуката на Деканатската управа бр. 0202-1054/3 од 13.03.2009 година, Факултетот за ветеринарна медицина, распишува К О Н К У Р С за доделување на стипендии за студенти на ФВМС за студиската 2008/2009 година 1. Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје ќе додели стипендии на студенти на ФВМС за месеците април, мај, јуни и септември 2009 година. 2. Вкупниот нето износ за доделување на стипендиите секој месец ќе изнесува 50.000,00 денари. 3. Максималниот износ на стипендиите изнесува 5.000,00 денари месечно по студент, а тој може да се менува во зависност од вкупниот износ на сите други стипендии кои ги прима студентот. |
|
> > >
|
|
|
Конкурс за стипендии во Р.Хрватска |
|
|
|
10.03.2009. |
Врз основа на Програмата за соработка од областа на науката, технологијата и образованието помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, потпишана на 2 февруари 2009 година, Министерството за образование и наука распишува конкурс за доделување на стипендии за едносеместрални додипломски/дипломски студии и студиски престои во Република Хрватска за академската 2009/2010 година. За повеќе информации превземете го документот со клик ТУКА. |
|
|
Поништување на Конкурсот за стипендии |
|
|
|
3.03.2009. |
На Деканатската Управа на ден 02.03.2009 се донесе одлука со која : 1.Конкурсот за стипендии објавен на 09.02.2009 година се поништува. 2.Факултетот за ветеринарна медицина ќе распише нов конкурс со тоа што право на стипендија ќе имаат и студентите кои веќе се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.Факултетот за овие студенти ќе ја доплаќа разликата од износот на добиената стипендија од износот утврден со Конкурсот за доделување на стипендии за студентите на ФВМС. 3.Одлуката влегува на сила со денот на донесувањето.
|
|
|
Конкурс за стипендии на 25 студенти |
|
|
|
13.02.2009. |
Владата на австриската сојузна покраина Штаерска , во рамките на манифестацијата "Pfingst - Dialog Geist & Gegenwart" од 27 до 29 Мај 2009 годинаорганизира средба на тема „Вкусот на Европа“ во замокот Сегау. Австриската сојузна покраина Штаерска доделува 25 стипендии за студенти од државите на Југоисточна Европ, кои сеуште не се членки на Европската унија. Покриени ќе бидат трошоците за престојот - сместувањето и исхраната, а ќе има и додаток за патните трошоци во износ од 30 евра.Се замолува секој учесник да пополни сопствен формулар и истиот да го достави до организаторот.Организаторот исто така стои на располагање за понатамошни прашања. |
|
|
Распоред за настава за летниот семестар 2008-2009 |
|
|
|
11.02.2009. |
Конечниот распоред за настава по предметите на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје можете да го превземете на линкот подолу. |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 19 од 37 |